Дома Фудбал Барселона и даде пет гола на Севиља (ВИДЕО)

Барселона и даде пет гола на Севиља (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона ја продолжија доминацијата сезонава во шпанската Ла Лига, со убедливата победа од 5:1 над Севиља пред своите гледачи во 10. коло.

Тоа е деветта победа на Барселона, која уште еднаш се одвои на врвот на табелата од второпласираниот Реал Мадрид, повторно има три бода повеќе. Севиља падна на 13. место.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Барселона замина на полувреме со водство од 3:0. Два гола постигна Роберт Левандовски, еден од пенал, а Педри постигна еден гол.

Поголем дел од второто полувреме беше мирно, а потоа на крајот беа постигнати уште три гола. Два за Барселона постигна Пабло Торе, а за гостите Идумбо. Погледнете ги сите голови ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул се збогува со уште една легенда: Робертсон најави заминување од „Енфилд“

Шкотскиот фудбалер Енди Робертсон (32) ја потврди информацијата дека ќе го напушти Ливерпу…