Барселона се вклучи во битката за потписот на дефанзивецот на Норвич, Макс Аронс, пренесуваат англиските медиуми.
21-годишниот играч игра фантастична сезона со Норвич и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед веќе подолго време ги следат неговите настапи и сакаат да го донесат на лето.
Аронс оваа сезона има одиграно 32 меча на кои постигна 1 гола и запиша 3 асистенции во Чемпионшип.
Тој е главна ѕвезда во тимот на „канаринците“ кои се надеваат да се вратат во Премиер лигата оваа година.
Норвич тешко дека ќе се откаже од својата ѕвезда и бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 35 милиони фунти.