Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус, Адриен Рабио, пренесуваат англиските медиуми.
Рабио влезе во последната година од договорот и нема најави за продолжување на соработката, па на лето ќе замине како слободен агент.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес и се спремни да му понудат плата од 10 милиони евра по сезона.
Тен Хаг е голем симпатизер на квалитетите на Рабио и сака да го засили средниот ред за следната сезона.
Интерес за Французинот покажува и Барселона, но Каталонците не можат финансиски да парираат на англиските клубови.