Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец, Лук Шоу е новата трансфер цел на Барселона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Чави сака да ја засили левата бековска позиција и да доведе наследник на Жорди Алба, а прва желба е токму 27-годишниот Англичанец.
Лук Шоу игра одлична сезона во дресот на „црвените ѓаволи“ и се претстави добро и на Мундијалот.
Договорот на Шоу со англискиот гигант истекува на крајот на сезоната, но Манчестер Јунајтед има опција за продолжување на уште една година.
Каталонците наскоро ќе стапат во контакт со неговиот агент и ќе испратат понуда на лето за да го доведат на „Камп Ноу“.