Барселона денес го претстави своето прво засилување во летниот преоден рок.
25-годишниот Франк Кеси стана нов член на Каталонците и потпиша договор со Барселона до 2025 година. Кеси во Барселона ќе го носи дресот со број 19.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бидејќи според правилата шпанските клубови мораат да имаат откупни клазули на играчите.
Слободата на Кеси вреди 500 милиони евра, што не е чудно затоа што клубот сака да се обезбеди.
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во дресот на Милан стекна целосна афирмација настапувајќи пет години откако во 2017 година пристигна од Аталанта за 32 милиони евра
Во Милан Кеси заработуваше 2.2 милиони евра, додека во Барселона ќе добива 6.5 милиони евра по сезона.
𝐈𝐓'𝐒 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋! 😏
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 4, 2022
Welcome, Kessie! 💙❤️ pic.twitter.com/wG051AUnpT