Eрнесто Валверде е свесен дека одбраната на Барселона мора што побрзо да се засили, па Каталонците пишуваат дека веќе има одредено мети.
Барса бара човек кој ќе претставува конкуренција на Жорди Алба на левата страна во одбраната.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Шпанскиот репрезентативец нема вистинска алтернатива откако Лукас Диње ова лето беше продаден на Евертон, младиот Миранда се уште не калибар за првиот тим на Барселона.
Една опција која и најмногу се споменуваше е Ферлан Менди од Лион, талентираниот дефанзивец е желба на Ерик Абидал, но наводно уште три имиња се во игра.
За Хозе Гаја веќе неколку години во Шпанија се пишува дека може да биде идеален наследник на Алба во репрезентацијата. Левиот бек на Валенсија покажа дека поседува огромен потенција, а Каталонците со негов ангажман би искористиле веќе испрбан рецепет со оглед дека Алба токму „Месталја“ се пресели на „Ноу Камп“.
https://www.youtube.com/watch?v=9yeMaaXSZ9k
Втората опција е Алберто Морено од Ливерпул, Шпанецот кој ретко добива прилика во тимот на Клоп, пред се поради послабите дефанзивни квалитети. Добра работа за Барселона е што неговиот договор со „црвените“ истекува на крајот од сезоната.
Најтешка мисија за Барса секако би било доведувањето на Хуан Бернат кого Каталонците го следат подолг период. Бернат во Шпанија го носеше дресот на Валенсија од каде што се пресели во Баерн Минхен, за ова лето да ја напушти Германија и да го облече дресот на ПСЖ.