Директорот на бразилскиот клуб Гремио потврди дека Барселона „им го украла“ 11-годишното чудо од дете, Ману, кого во Бразил го нарекуваат „новиот Меси“.
Ова 11-годишно дете веќе се придружи на фудбалската академија на Барселона „Ла Масија“. Ману најпрво пристигна во посета на клубот и на проба, но Барслеона се одлучи да го задржи.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Барселона ова го прави веќе неколку пати. Ману ќе биде во нивната академија две години, а потоа ќе потпише договор. Во четврток или петок ќе поднесеме жалба до ФИФА“, изјави директорот на Гремио, Нестор Хејн.
За Ману скаутите велат дека има извонредна техника и контрола на топката, и по својот стил многу наликува на Лео Меси.