Барселона планира да му предложи на Манчестер Сити трампа на двајца португалски дефанзивеци, пренесуваат шпанските медиуми.
Станува збор за Нелсон Семедо, кој веќе неколку години е член на Барселона, но Каталонците се спремни да го испратат на „Етихад“, а за возврат да го добијат потписот на Жоао Кансело.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Семедо пристигна во Барселона во 2017 година, но до сега не успеа да обезбеди стандардно место во стартниот тим, па Каталонците ова лето ќе бараат негова замена.
Гвардиола веќе дал „зелено светло“ за оваа трампа бидејќи не смета повеќе на Кансело, кој пристигна на „Етихад“ минатото лето.
Кансело би можел да остане во Барселона, но Каталонците би можеле да го испратат во Интер како дел од договорот за Лаутаро Мартинез.