Дома Трансфер зона Барса најави богат „шопинг“: Ова се главните мети

Барса најави богат „шопинг“: Ова се главните мети

Спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, наговести дека каталонскиот тим наредното лето би можел да потроши значителна сума на пари за засилувања.

Веќе некое време се пишува за можни засилувања на Каталонците, а Абидал потврди дека Барселона ќе биде многу активна на трансфер пазарот следното лето.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Она што Барселона најпрво сака да го реши е долгорочна замена за Луис Суарез, па Пјер-Емерик Обамејанг и Лаутаро Мартинез ќе бидат приоритети следното лето.

Сепак, каталонскиот тим сака да се засили и во одбраната, па Џошуа Кимих од Баерн е прв на листата, покрај Никола Миленковиќ од Фиорентина, Лукас Клостерман од Лајпциг и Андреас Кристенсен од Челзи.

Фабиан Руиз е одамна на радарот на Барса која сака да го доведе што поскоро, а медиумите тврдат дека Вилијан од Челзи би можел да се пресели на Камп Ноу како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…