Барселона на сите начини се обидува да ја смири својата млада ѕвезда Осман Дембеле.
Дембеле како големо засилување пристигна од Борусија Дортмунд во Барселона и дури во последно време започна да го покажува својот потенцијал, но неговите лоши навики ги налутија луѓето во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во главно, најголем проблем прави неговата зависност од видео игри и пропушти или воопшто не се појави на неколку тренинзи, а сега од клубот му претставија нови правила на однесување.
Едно од нив е по малку бизарно, Дембеле не смее никогаш, ама баш никогш да го исклучува звукот на својот мобилен телефон.
Неговиот телефон мора да биде 24 часа достапен и да им вклучено звук и вибрации, за да може да се јави секогаш кога ќе побара некој од клубот.
Во Барса сметаат дека на овој начин ќе успеат да ја постигнат својата цел, а тоа е Дембеле да не отсуствува од тренинзите.