Дома Трансфер зона Барса може да го загуби Дембеле за нула евра

Барса може да го загуби Дембеле за нула евра

Барселона се наоѓа во голем проблем, бидејќи може да го загуби Осман Дембеле без обештетување.

Имено, како што пренесуваат шпанските медиуми Дембеле одбил да го продолжи договорот, а во Барселона претпоставуваат дека ќе го почека истекот на договорот за да си замине како слободен играч.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Договорот на Дембеле со Барселона истекува на 30 јуни 2022 година, но тој наводно ги одбил сите можности за продолжување на соработката.

Се уште има доволно време да се променат работите и во Барселона веројатно ќе се обидат да го убедат да стави потпис на нов договор.

Најсилен интерес за Дембеле покажуваат Јувентус, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид за само две милиони евра добива фудбалер кој потсетува на Педри?

Шпанските медиуми најавуваат дека Реал Мадрид наскоро би можел да добие засилување за кое …