Дома Фудбал Барса го менува името на стадионот за хуманитарни цели

Барса го менува името на стадионот за хуманитарни цели

Фудбалскиот клуб Барселона објави дека ќе ги продаде правата на користењето на името на стадионот „Камп Ноу“ и дека сите пари ќе бидат пренасочени за хуманитарни цели, поточно за борба против коронавирусот.

Клубот објави дека е започната потрагара по спонзор за сезоната 2020/21. Со самото тоа Камп Ноу ќе биде преименуван (привремено) во името на спонзорот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Сите пари од тој спонзорски договор ќе биде вложен во медицински истражувања и на сузбивање на коронавирусот, кој однесе илјадници животи во Шпанија и целиот свет.

Барселона така прв пат во историјата ќе има друго име на својот легендарен стадион, на кој игра од 1957 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…