Дома Фудбал Барса во своите редови има нов „Иниеста“: Микхтаријан и Вилок покрај Пуиг изгледаа како деца (ВИДЕО)

Барса во своите редови има нов „Иниеста“: Микхтаријан и Вилок покрај Пуиг изгледаа како деца (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона вчера во пријателски натпревар го победија Арсенал на „Камп Ноу“ со 2:1.

Каталонскиот клуб го одигра првиот натпревар пред своите навивачи, а неверојатно звучи податокот дека на „Камп Ноу“ присуствуваа скоро 100.000 гледачи иако се работеше за натпревар од Жоан Гампер купот кој има пријателски карактер.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Во првото полувреме за домашниот тим играше Рики Пуиг кој е производ на „Ла Масија“. Овој играч ги помина припремите со Барселона и одлучи да остане во тимот иако во клубот сакаа да го испратат на позајмица.

Пуиг одби и одлучи да остане и да се бори за својата минутажа во Барселона во средниот ред и ќе има навистина жестока конкуренција. Сепак, младиот фудбалер веќе покажува дека се работи за исклучително талентиран играч.

Со своите дриблинзи направи Микхтаријан и Вилок да изгледаат како аматери, но и многу потсети на Андрес Иниеста кој има слични движења.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…