Македонската репрезентација ги започна подготовките за историскиот меч против Италија за пласман на Светското првенство.
Македонија и гостува на Италија, а пред полуфиналниот бараж Енис Барди е оптимист и истакна дека во вакви натпревари нема фаворити и дека детали ќе го одлучат победникот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сите знаеме колку ни е важна и колку тежок натпревар ќе ни биде. Најважно за нас е да бидеме сконцентрирани во секој момент од мечот. Во денешниот фудбал фаворитите не победуваа секогаш, можат и тие да имаат лош ден. Од друга страна, ние покажавме дека можеме да се надигруваме со сите. Мислам дека ќе одлучуваат детали, секоја секунда и секоја топка ни е важна. Мораме да се подготвиме и психолошки против Италија“, изјави Барди.
„Секако не забораваме дека Италија е актуелен европски првак. Ние веруваме во нашите квалитети, ќе ни недостигаат Елиф Елмас и Тихомир Костадинов, но ќе играме и за нив. Најважно е да сме максимално фокусирани и да ги извршиме задачите што ќе ни ги даде селекторот“, заклучи Барди.