Марио Балотели сигурно ќе ја напушти Ница до крајот на преодниот рок бидејќи е во лоши односи со тренерот и соиграчите.
Олимпик Марсеј беше блиску до договор со Италијанецот, но последните информации од Франција се дека трансферот пропаднал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Балотели сака да се врати во Италија каде што има две понуди. Имено, за него инетрес покажуваат Сасуоло и Парма.
Проблем и во двата случаи е големата плата, па Балотели ќе мора да ги прифати финансиските услови доколку сака да се врати во Серија А.
Негов приоритет е трансфер во Сасуоло, каде ќе игра во тандем со неговиот пријател и соиграч од деновите во Милан, Кевин Принц Боатенг.