Дома Фудбал Балотели по три месеци конечно најде нов клуб!?

Балотели по три месеци конечно најде нов клуб!?

Марио Балотели (34) бара клуб откако во јули му истече договорот со Адана Демирспор.

Италијанскиот фудбалер одигра 51 натпревар во два мандати во турскиот клуб и постигна 26 и асистираше за осум гола, додека само во сезоната 2023/2024 седум пати беше стрелец.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тоа е показател дека напаѓачот се уште може да постигне гол како порано, на што се надева Џенова која наскоро би можела да му понуди договор.

Агентот на Балотели, Енцо Раиола потврди дека ја чекаат одлуката на клубот од Серија А. „Разговараме со Џенова. Претседателот Алберто Зангрило го цени и го сака со години. Ја чекаме нивната конечна одлука. Ќе дознаеме што одлучиле после натпреварот со Болоња“, изјави Раиола за Radio Sportiva.

Со оглед на тоа што Џенова и Болоња од 15 часот го играат натпреварот од осмото коло од Серија А, Балотели веќе денеска би можел да дознае дали нашол нов клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Саудиска Арабија поради Роналдо, обвинувања има од сите страни!

Неколку играчи на Ал Ахли изразија негодување преку социјалните мрежи против одлуките на с…