Контроверзниот напаѓач, Марио Балотели, игра одлично оваа сезона во дресот на Ница.
Поранешниот репрезентативец на Италија во разговор за „Скај Спорт“ зборуваше за својата иднина и за времето поминато во Манчестер Сити…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тврди дека би сакал да остане во Франција, но и повторно да игра во Лигата на шампионите. Тоа со Ница сигурно нема да биде можно, барем не оваа сезона.
„Го повикав својот агент и запрашав што да правам во јануари, а ми одговори дека ниту тој самиот не знае. Сакам да останам, тука но ќе видам што ќе се случи. Признавам би сакал да се вратам во некој силен тим. Сакам да играм во Лигата на шампионите“, отворено призна Балотели.
„Имам само 27 години, па според тоа можам да играм шест или седум години на највисоко ниво. Сметам дека сум на вистинскиот пат, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите и како се ќе се заврши“, истакна Балотели.
Поранешниот напаѓач на Интер и Милан еден дел од кариерата помина и во Манчестер Сити, тим со кој ја освои Премиер лигата и имаше неколку инцеденти надвор од теренот.
„Го сакам Сити како клуб и неговите навивачи. Со задоволство би се вратил. Тоа беше најдобрата година од мојот живот, иако градот е малку тежок сам по себе. Манчестер не е Лондон, во фудбалска смисла. Среќен сум што напредуваат под водство на Гвардиола и се надевам дека ќе ја освојат титулата“, изјави контроверзниот напаѓач.