Во екот на трансферите ова лето не треба да го заборавиме ниту популарниот Супер Марио.
Марио Балотели ова лето стана слободен играч, а италијански медиуми тврдат дека би сакал да заигра за Парма. Гигантот се врати „од мртвите“, по банкротот ги помина сите ниски рангови и се најде во елитата, каде што и беше нивното место.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Споменатиот клуб сака да се засили за да биде конкурентен во Серија А, а сигурно дека со доаѓањето на Балотели би биле поконкурентни. Супер Марио имаше преговори со Марсеј, а откако што тој договор пропадна, трансферот во новиот член од Серија А изгледа како реален. Понудата е на маса, а сега се е на Италијанецот.