Денес во италијанската јавност прашина крена изјавата на Џорџо Киелини во која го критикуваше Марио Балотели.
Киелини во својата изјава кажа дека Балотели е играч кој не почитува никого, па дури ниту тимот. Сега Балотели му одговори преку Инстаграм стори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јас барем сум искрен и имам храброст да го кажам тоа што го мислам во лице. Ти од 2013 година имаше многу можности да го направиш тоа, како вистински човек, ама не го направи. Кој знае што зборуваш и мислиш за сегашните соиграчи, чудно капитену…Ако ова значи да се биде шампион, тогаш преферирам да не бидам. И да се знае, јас секогаш сум покажувал респект кон дресот на Италија“, гласи одговорот на Балотели.