Поранешниот голем талент на светскиот фудбал, Марио Балотели повторно ќе добие повик во репрезентацијата на Италија, пренесува ова утро „Corriere dello Sport“.
Популарниот Супер Марио игра многу добро оваа сезона во дресот на Ница и во досегашниот дел од Лига 1 постигна 13 гола, а тренерот на У21 репрезентацијата на Азурите, Луиџи ди Бјаџо ќе го повика за претстојните натпревари. Потсетуваме, Ди Бјаџо ќе ги води Азурите како привремен тренер во пријателските натпревари против Аргентина и Англија во март, а освен Балотели повик ќе добие и 40-годишниот Буфон, како и Киелини.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Балотели речиси четири години не доби повик во дресот на Италија, а своевремено беше една од главните надежи на Азурите. Вреди да се напомене дека Италија нема да игра на Светското првенство во Русија, откако што испадна во баражот од Шведска.