Дома Фудбал Останато Балотели: Добив покана за финалето во ЛШ, моето срце ќе биде преполовено

Балотели: Добив покана за финалето во ЛШ, моето срце ќе биде преполовено

Марио Балотели во својата кариера играше за двата финалисти во овогодинешното издание на Лигата на шампионите, Манчестер Сити и Интер.

Во Интер беше на почетокот на кариерата од 2007 до 2010 година, кога се пресели во Сити каде што се задржа до 2013 година. Во интервју за „Газета дело Спорт“ го најави големото финале.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Добив неколку покани да одам во Истанбул и најверојатно ќе бидам таму. Ќе седнам во средниот дел на трибината за да ги избегнам шпекулациите. Моето срце е преполовено на два дела и не треба ништо повеќе да кажам. Би сакал кога би можело и двата клуба да го освојат тој трофеј, но сите знаеме дека тоа е невозможно“, изјави Балотели.

Нема свој фаворит, но очекува спектакл.

„Нема сомневање дека Интер е квалитетна екипа, доволно е што стигнаа до финалето. Имаат многу играчи кои можат да направат разлика. Тука се Џеко, Лукаку, Лаутаро…Од друга страна Халанд е неверојатен и сите го знаеме квалитетот на тимот на Гвардиола, ќе биде отворен натпревар. Халанд има неверојатни бројки, но мене како напаѓач повеќе ми се допаѓа Виктор Осимен. Финалето ќе биде вистински спектакл“, истакна италијанскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…