Баерн Минхен и ПСЖ се во напредни преговори за трансфер на германскиот фудбалер, Тило Керер.
Еминентниот „Екип“ пренесува дека Баварците се силно заинтересирани за 24-годишниот дефанзивец и ќе се обидат да го донесат на „Алијанц Арена“ до крајот на преодниот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан пред неколку дена имале состанок со агентот на Керер и фудбалерот дал зелено светло за трансфер во Минхен.
Баерн за услугите на Керер ќе понуди 12 милиони евра и се претпоставува дека тоа ќе ги задоволи финансиските барања на ПСЖ.