Играчот на Атлетико Мадрид, Томас Лемар би можел да се пресели во редовите на Баерн Минхен.
Актуелниот германски и европски шампион, Баерн бара засилувања, а според германските медиуми, веќе започнал преговиори со Атлетико Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лемар е на излезна врата, Атлетико сака да се ослободи од него, па Баерн нема да има големи проблеми за да го донесе во Минхен.
Баварците имаат дефицит на крилните позиции откако си заминаа Кутињо и Перишиќ, а Сане веднаш се повреди, па веднаш реагираа на трансфер пазарот.
Атлетико е спремен да го пушти Французинот за 30 милиони евра, сума која Баерн е спремен да ја плати.
За потсетување, овој фудбалер пристигна во Атлетико пред две години од Монако во трансфер вреден 70 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.