Дома Топ вести Баерн сепак го продава Левандовски

Баерн сепак го продава Левандовски

Минхенски Баерн сепак одлучи да го продаде напаѓачот Роберт Левандовски.

Како што пренесува L’Equipe, Баварците се спремни да го пуштат 29. годишниот фудбалер, а за неговите услуги ќе бара цифра од 100 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако раководството на баварскиот великан тврдеше дека нема намера да го продаде првиот стрелец на тимот, дојде до пресврт. Фудбалерот сака да замине, од клубот не сакаат да му прават проблеми, но потенцијалниот купец мора да плати 100 милиони евра.

Според шпекулациите кои кружат, за Лева заинтересирани се Реал, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Челси. Овие клубови се спремни на сметката на Баерн да ја уплатата таа цифра.

На местото на Левендовски во Минхен ви требало да стигне многу поефтина замена, но сеуште не се знае кој ќе го облече дресот со број девет.

Фантастичниот напаѓач е член на Баерн од летото 2014. година и во претходните четири сезони запиша импресивни бројки од 145 голови во 187 одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…