Како што пренесуваат германските медиуми талентираниот фудбалер наредното лето ќе настапува на „Алијанц Арената“.
Германскиот гигант веќе го планира наредниот летен преоден рок, а според пишувањето на одредени медиуми би можеле да добијат неверојатно засилување. Имено, тие се заинтересирани од наредното лето во своите редови да го видат талентираниот играч на Шалке, Леон Горецка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Горецка има 22 години, веќе собра 10 настапи за сениорската селекција на Германија, а посебно бледкаше на последниот Куп на Конфедереации, каде што беше трет во изборот за најдобар фудбалер на турнирот.
Неговиот договор со Шалке истекува наредното лето и како што сега стојат работите тука нема ништо да се промени.
Значи, Баерн би можел да договори одлично засилува без да плати никаква оштета. Вербален договор наводно веќе постои, а како што стојат работите Горецка од наредната сезона ќе се бори за место во тимот со Алкантара и Толисо.