Почесниот претседател на Баерн Ули Хенес изјави дека има мали шанси Чаби Алонсо да го преземе клубот од Минхен на крајот на сезоната, пренесуваат германските медиуми.
Баерн пред нешто повеќе од еден месец соопшти дека тренерот Томас Тухел на крајот на сезоната ќе го напушти клубот и од тој момент е во потрага по негов наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакаме да потпишеме договор со Алонсо. Сепак, ќе биде многу тешко, ако не и невозможно“, изјави Хенес.
Алонсо го презеде тимот од Леверкузен во октомври 2022 година.
“Можам да замислам дека Алонсо ќе остане во Баер за да ја продолжи својата работа. Алонсо сега е тренер на клуб кој е блиску до освојување на титулата во Бундеслигата“, додаде Хенес.
Баер Леверкузен во моментов е на првото место на табелата во Бундеслигата со 70 бодови, додека второпласираниот Баерн има 10 бодови помалку.