Дома Трансфер зона Баерн попрво ќе ризикува да го изгуби Левандовски бесплатно отколку да го продаде на Барселона

Баерн попрво ќе ризикува да го изгуби Левандовски бесплатно отколку да го продаде на Барселона

Изгледа дека се мали шансите Барселона својот напад да го засили со Роберт Левандовски, барем кога во прашање е летниот преоден рок кој следи. Последните информации говорат дека во Баерн е спремни попрво да го задржат Левандовски и тој да си замине како слободен играч летото 2023 година отколку да го пуштат во Барселона.

Италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо оваа недела објави дека Барселона работи на трансферот и е во контакт со агентот на Левандовски, Пини Захави. Преку него Каталонците се обидуваат да го убедат Баерн да ја прифати понудата од 40 милиони евра оштета колку што Барселона е спремна да плати.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, Захави по обидот добил одговор дека на Левандовски му е понуден нов договор и дека воопшто клубот нема намера да го продаде, па и тоа да значи дека ќе си замине една година подоцна како слободен играч.

Не треба да се заборави и дека Баерн истото го направи со Давид Алаба кого одбиваше да го продаде, па австрискиот бек минатото лето по истекот на договорот премина во Реал Мадрид.

Левандовски сезонава во Бундеслигата на 31 натпревар постигна 33 гола и јасно е дека Баерн таков напаѓач за 40 милиони евра тешко ќе најде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…