Дома Фудбал Англија Баерн откри дали Тухел ќе го води тимот против Арсенал

Баерн откри дали Тухел ќе го води тимот против Арсенал

Томас Тухел останува на чело на Баерн Минхен и покрај срамниот пораз на тимот од Хајденхајм во Бундеслигата со 3-2. 

 Од клубот потврдија дека тој ќе го води тимот на гостувањето кај Арсенал во Лондон во вторник во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Веќе беше одлучено Баерн да се раздели со Тухел на крајот од сезоната, но поради лошите резултати се шпекулира дека може да добие отказ предвреме.

„Не размислувам да го отпуштам Томас сега. Тренерот не е секогаш проблемот. Сигурно ќе биде на клупата во Лондон. Сепак, не можам дефинитивно да одговорам дали ќе остане тука до самиот крај на сезоната“, изјави спортскиот директор Еберле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ромеро без милост кон управата на Тотенхем: Се појавуваат само кога оди добро

Тотенхем има уште една разочарувачка сезона и моментално се наоѓа на 14. место во Премиер …