Според информациите на италијанскиот експерт за трансфери, Фабрицио Романо, Манчестер Сити ја одредил цената за Жоао Кансело.
Кансело во зимскиот преоден рок пристигна на позајмица во Баерн кој има право да го откупи за 70 милиони евра, но во Минхен немаат намера да го задржат Португалецот. Кансело не е пожелен ниту во Манчестер од каде што во јануари замина поради конфликт со Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Трансфермаркт“, Кансело вреди 60 милиони евра и се очекува Сити да прифати ако пристигне таква понуда.
Со Португалецот се поврзуваше Барселона, но каталонскиот гигант се уште има финансиски проблеми и се мачи да остане во границите на финансискиот фер-плеј.
За Баерн, Кансело одигра 21 натпревари, постигна еден гол и асистираше за шест, неговиот договор со Сити има важност до 2027 година.