Германскиот гигант Баерн Минхен денес го комплетираше трансферот на Јона Куси-Асаре од редовите на шведски АИК.
Станува збор за фудбалер кој има само 16 години, но Баерн за неговите услуги плати сума од 6.5 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јона има потекло од Гана, но е роден во Шведска. Веднаш нема да биде приклучен на првиот тим туку ќе продолжи да се развива и докажува во вториот тим на баварците.
Ќе потсетиме, денес претходно Баерн го потврди ангажманот на Брајан Сарагоса од Гранада. Тој беше планиран за во јуни, меѓутоа повредите во тимот го натераа Тухел веднаш да реагира.