Баерн Минхен во 2017 година за сума од 41.5 милиони евра со дополнителни бонуси од шест милиони евра во своите редови од Лион го доведе францускиот репрезентативец Корентин Толисо. Сега Французинот може да се врати во неговиот поранешен клуб.
Медиумите најавуваат дека во текот на денот се очекува официјална потврда. Толисо според информациите е веќе во Лион каде што ги поминува медицинските прегледи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Светскиот шампион со Франција од 2018 година одигра 117 натпревари за Баерн и оствари учинок од 21 гол и 15 асистенции.
Во времето во Минхен ја освои Лигата на шампионите, пет титули во германското првенство, два во купот и три во Суперкупот. Беше освојувач уште на Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот.