Арсенал е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и откако го договорија трансферот на Габриел Жесус сега „топџиите“ се насочија кон дефанзивецот на Ајакс, Лисандро Мартинез.
Аргентинецот е голема желба и на Манчестер Јунајтед, па поради тоа Арсенал брза да ја победи конкуренцијата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поседните информации се дека „топџиите“ испратиле понуда од 40 милиони евра.
Ајакс бара 50 милиони за слободата на дефанзивецот, но двата клуба се блиску до договор, доколку Манчестер Јунајтед не испрати подобра понуда во следните денови.