Дома Фудбал Останато Ајакс е шампион на Холандија! (ВИДЕО)

Ајакс е шампион на Холандија! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ајакс со денешната победа на гостување кај Де Графшап од 4:1 во последното коло стигна до 34-тата титула во својата богата историја.

Лас Шоне ја погоди мрежата на домаќините од околу 20 тина метри, а работите на почетокот во 40-тата минут ги вратил Ел-Јебил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак за на полувреме да се замине со водство на Ајакс се погрижи Таљафико после асистенцијата од Зијеш во судиското продолжение од првиот дел.

Душан Тадиќ до крајот на натпреварот со два гола донесе убедлива победа на својот тим. Прво во 67-та минута погоди од белата точка за потоа после една одлична соло акција во 87-та да ги постави конечните 4:1.

Така Ајакс ја потврди доминацијата во домашното првенството освојувајќи двојна круна и до некаде ги залечија раните од несреќната елиминација од Тотенхем во полуфиналето од Лигата на шампионите кога примија гол во последната секунда.

Ајакс до 34-тата титула шампион на Холандија во својата историја стигна со 86 освоени бодови, три повеќе од второпласираниот ПСВ.

Од лигата како последнопласирана испадна НАЦ Бреда, додека Ексезлиор и Де Графшап ќе разигруваат за опстанок. Титулата најдобар стрелец ја поделија Душан Тадиќ и Лук Де Јонг од ПСВ со по 28 постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Jaмал стана јутјубер: Покажа каде живее и откри зошто нема девојка (Видео)

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, наскоро ќе го замени своето скромно живеалиште со пора…