Коронавирусот му направи проблеми на спортот, а еден од најтешките удари ги доживеа тенисот.
Многу турнири беа поместени, а сега АТП одлучи да воведе и нов начин на бодување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најважно за тенисерите е фактот што сегашниот систем во кој на играчите се сметаа најдобрите резултати од претходните години ќе важи до 9 август 2021. година.
Резултатите од турнирите кои се играа од 4. март до 5. август 2019 година, а кои не се одржани во 2020. година ќе бидат на сила уште една година, но овој пат со 50% од бодовите.
Новиот систем ќе предизвика и доста промени на АТП листата во наредните месеци.