Дома Трансфер зона Атлетико тргнува по ѕвездата на ПСЖ

Атлетико тргнува по ѕвездата на ПСЖ

Бразилскиот репрезентативец Лукас Моура ова лето ќе го напушти Пари Сент Жермен, а фаворит за неговиот потпис е Атлетико Мадрид, тврдат француските медиуми.

Бразилецот, кој пристигна во Париз Сен Жермен за 40 милиони евра од Сао Паоло, тешко се изборува за место во составот на француските шампиони и сам посакал да ја промени средината.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Лукас одигра добра прва половина на сезоната и одлично се справува со упатствата на тренерот. Тој е комплетен фудбалер, но луѓето забораваат дека сѐ уште е млад“, изјави неговиот соиграч, Марко Верати.

Лукас има 24 години, а медиумите тврдат дека цената на неговиот трансфер ќе изнесува помеѓу 30 и 35 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта има пеколен план за Халанд

Ерлинг Халанд e голема желба Лапорта која можеби и ќе стане реалност, но не порано од наре…