Дома Трансфер зона Атлетико спрема понуда за Ракитиќ која Барселона нема да може да ја одбие

Атлетико спрема понуда за Ракитиќ која Барселона нема да може да ја одбие

Емисијата „Вамос“ на телевизијата „Мовистар“ ексклузивно објави, а пренесуваа и останатите шпански медиуми – Атлетико Мадрид во јануари ќе тргне по Иван Ракитиќ.

Ракитиќ до неодамна беше незаменлив дел од тимот на Барселона, но со доаѓањето на Френки Де Јонг падна во втор план. Оваа сезона хрватскиот фудбалер забележа само еден настап како првотимец и се очекува негово заминување од Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Договорот на Ракитиќ истекува во 2021 година и со оглед на тоа што го стигнуваат годините (на пролет полни 32) Барселона нема премногу време на него да заработи солидна сума.

Според информациите Атлетико е спремен веќе во јануари да понуди 40 милиони евра што е добра сума за ситуацијата во која се наоѓа Ракитиќ. Барселона веројатно би ја прифатила таа сума, но проблем прави годишната плата од 6.5 милиони евра која ја бара фудбалерот. Атлетико таа сума не може да си ја дозволи и ќе мора прво да го ослободи буџетот ако Ракитиќ не ги намали своите барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…