Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид сака дополнително да го засили составот со нигериски репрезентативец и играч на Генк, Пол Онуачу, пренесува „Марка“.




Спортскиот директор на „јорганџиите“ веќе подолго време ги следи настапите на 27-годишниот напаѓач, кој од почетокот на сезоната постигна 9 гола на 9 меча.




Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Минатата сезона Онуачу постигна 35 гола во 41 натпревар во сите натпреварувања.




Атлетико веќе започна преговори со Генк за трансфер на Нигериецот, но се уште не е јасно дали трансферот ќе се реализира во јануари или следното лето.