Атлетико Мадрид синоќа стигна до драматична победа во последните секунди против Атлетик Билбао (3:2), а херој за „јорганџиите“ беше капитенот Диего Годин.
Меѓутоа на крајот од мечот Годин се повреди, а тоа сигурно ќе му зададе големи главоболки на Симеоне на само две недели пред дербито со Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов четворицата дефанзивци на Атлетико се повредени, а поради повреда на мускулот Годин ќе мора да отсуствува 3-4 недели и готово сигурно ќе го пропушти дербито со Барса на 24-ти ноември.
Сонардоникот на Годин, Хосе Хименес има муслулна повреда и е надвор од тимот, исто како и Лука Ернандес.
Најголеми шанси да се опорави за големото дерби има црногорскиот дефнзивец Стефан Савиќ, кој би требало да се врати на терените следната недела.