Според италијанскиот весник „Ла Република“, Атлетико Мадрид во моментов е најсериозен кандидат за потписот на Пауло Дибала.
Дибала е слободен агент откако му заврши договорот со Јувентус и се уште е без клуб. Аргентинецот беше блиску до трансфер во Интер, но после доаѓањето на Лукаку, „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Таквата ситуација сака да ја искористи Атлетико Мадрид, бидејќи Дибала е голема желба на Диего Симеоне.
За Дибала интерес покажува и Манчестер Јунајтед, кој во него гледа идеална замена за Кристиано Роналдо.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Дибала ќе го чека Интер уште неколку дена и потоа ќе донесе одлука.