Дома Трансфер зона Атлетико како „супермаркет“, по Караско и Гаитан уште една продажба

Атлетико како „супермаркет“, по Караско и Гаитан уште една продажба

По овој потег нема дилеми – Тимот на Атлетико Мадрид во преодниот рок кој е пред нас ќе претрпи големи промени.

Имено, Атлетико веќе започна да се ослободува од вишокот. Во текот на вчерашниот ден беа потврдени трансферите на Нико Гаитан и Јаник Караско во Кина, а денес клубот го напушти и искусниот голман Мигел Анхел Моја (33).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Следна дестинација на Мигел ќе биде „Сан Себастијан“ и тимот на Реал Сосеидад на кој итно му е потребен голман. Имено, првиот голман на Сосиедад Херонимо Рули е повреден, а факт е дека неговата замена Тоњо Тамирез не се прослави против Валенсија.

Шпанското радио „Кадена“ јавува дека Моја вечерва ги поминал лекарските прегледи на „Аноета“ и дека би можел да дебитира веќе во четврток кога овој тим игра против Бетис.

 

Според информациите од Пиринеите, Моја добил дозвола од Атлетико да замине неколку месеци пред истекот на договорот во знак на благодарност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…