Шпанските медиуми пренесуваат дека Севиља и Атлетико Мадрид се силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луиз.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
24-годишниот дефанзивец оваа сезона игра одлично во Серија А, но неговиот договор со Лацио истекува на крајот на сезоната.




Лацио сака да го задржи и започна преговори за нов договор, но двете страни не можат да најдат заеднички јазик околу финансиските детали.




Се поизвесно е дека Бразилецот ќе си замине без обештетување на крајот на сезоната, а таквата ситуација сакаат да ја искористат шпанските клубови.




Атлетико и Севиља веќе стапиле во контакт со неговиот агент и се спремни да ги задоволат финансиските барања.