Дома Трансфер зона Атлетико го доведе најголемиот белгиски талент

Атлетико го доведе најголемиот белгиски талент

Атлетико Мадрид го договори трансферот на еден од најголемите белгиски таленти и член на Антверпен, Артур Вермерен.

Се очекува трансферот да биде комплетиран во следните 24 часа, а Атлетико за Вермерен ќе плати 22 милиони евра, потврди новинарот Фабрицио Романо,.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


18-годишниот Вермерен го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во Антверпен во Лигата на шампионите, а во меѓувреме имаше интерес и од Барселона и Манчестер Јунајтед за неговиот потпис.

Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата и да го обезбеди потписот на играч кој треба да биде носител на играта во следните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лапорта: Одбивме 250 милиони за Јамал

Барселона од година во година потврдува дека ја има една од најдобрите младински академии …