Јосип Иличиќ иако влезе во четвртата деценија од животот, сепак игра фантастично во дресот на Аталанта и ја воодушеви Европа со настапите во Лигата на шампиони.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Аталанта е спремна да го продаде Иличиќ ова лето и веќе ја постави неговата цена.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според италинскио весник, клубот од Бергамо е подготвен да се раздели со 32-годишниот Словенец за 30-35 милиони евра.
Оваа сезона Иличиќ има 21 натпревар во италијанскиот шампионат, во кој постигна 15 голови и запиша осум асистенции.
На седум натпревари од Лигата на шампионите, напаѓачот постигна 5 гола, вклучувајќи и четирите против Валенсија.