Британскиот возач Луис Хамилтон ќе биде неверојатно богат кога ќе го потпише новиот тригодишен договор со Мерцедес.
Хамилтон долго време размислува дали ќе потпипе нов договор со својот долгогодишен тим, а многумина сметаат дека се уште не одлучил дали сака да премине во Ферари. Не е тајна дека Ферари сака да го доведе. Британецот претходно најави дека во текот на зимото ќе донесе одлука за од март да може да се сконцентрира на новата сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До потврда се уште не дошло, но на големо се шпекулира дека одлучил да остане во Мерцедес кој му нуди астрономски договор. Британски „Сан“ објави дека Мерцедес на Хамилтон му нуди 60 милиони фунти годишно. И тоа станува збор за тригодишен договор што значи дека неговата вкупна заработка ако стави потпис за три години ќе биде 180 милиони фунти.
Во овој момент Хамилтон добива 40 милиони фунти годишно и актуелниот договор му има важност до крајот на оваа сезона.