Дома Фудбал Асенсио: Реал Мадрид секогаш бил прва опција за мене!

Асенсио: Реал Мадрид секогаш бил прва опција за мене!

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио изјави дека неговата цел е што е можно подолго да остане во „кралскиот“ клуб и го прокоментира новиот тренер Хулен Лопетеги.

„Мојата прва опција отсекогаш била да победувам со Реал Мадрид. Никогаш не се знае што може да се случи. Реал Мадрид е најпосакуваниот клуб во светот. Од самиот почеток разбираш дека треба да си подготвен на сто проценти и секогаш да даваш се од себе“, изјави Асенсио во ексклузивно интервју за „GQ“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Веќе сум имал можност да бидам стартер во важни натпревари како во Мадрид, така и во националниот дрес. Очекувам со секој пат да станувам подобар“, додаде Шпанецот, а потоа се осврна на новиот тренер.

Лопетеги е тренер со идеја за фудбалот. Лично мене ми се допаѓа. Внесе многу интензитет на тренинзите и доста бара од нас“, заклучи Асенсио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете ги мајсториите на Деклан Рајс кои го срушија Реал Мадрид (Видео)

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Арсенал на стадионот „Емира…