Се погласно и погласно се најавува враќањето на Нејмар во Барселона, а сега шпански „АС“ забележал нешто кое според нив е доказ дека нешто се случува.
Нејмар сениор кој е агент на фудбалерот се повлече од јавните настапи. Освен телефонско јавување во една емисија во која го бранеше својот син од обвиненијата на Најила во последните недели не се појавил никаде. Инаку, тој важи за човек кој е често пати пред камерите и новинарските микрофони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега во овој период од завршувањето на сезоната него го нема, а бразилските медиуми пренесуваат дека констатно е во контакт со луѓето во ПСЖ и Барселона.
Токму тој беше една од главните фигури кога договори астрономска плата на неговиот син во Париз, а следната задача му е да го убеди Ал Келаифи да не бара преголема оштета за Нејмар. Катарскиот шеик јавно кажа дека Нејмар може да замине за адекватна понуда (200-250 милиони евра).
Се шпекулира дека Барселона понудила 100 милиони евра и Фелипе Кутињо, но ПСЖ ја одбил таа понуда. „АС“ тврди дека Нејмар сениор е во одлични односи со Келаифи, па кога видел дека клубовите не можат да се договорат одлучил тој да се вклучи во работата. Секако, освен што ќе го убедува Келаифи да ја намали цената истовремено ќе работи и Нејмар да добие што подобар договор во Барселона.
Тешко дека Барселона ќе прифати да ја плаќа платата од 37 милиони евра годишно која ја има во ПСЖ и Нејмар сигурно дека ќе мора да прифати намалување, ако сака да се врати.
Како и да е останува да се види дали оваа забелешк на „АС“ (повлекувањето на Нејмар сениор од јавноста) има некаква врска или се работи само за случајност.