Дома Фудбал Италија Артур со изјавата на претставувањето испрати провокација до Меси

Артур со изјавата на претставувањето испрати провокација до Меси

Артур Мело денес беше официјално претставен во Јувентус каде што ова лето пристигна од Барселона.

Јувентус и Барселона на крајот на сезоната направија размена на играчи во која Пјаниќ се пресели во Каталонија, а Артур во Торино. Бразилецот не се раздели баш најдобро од Барселона, но со оглед дека не играл долго едвај чека да ја започне епизодата во Торино.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Тренинзите со Јувентус ги започна претходно, а денес беше официјално претставен. Интересно е што го избра бројот пет кој во изминатите сезони го носеше Пјаниќ.

На претставувањето Артур испрати и мала провокација до Меси со изјавата дека играњето со Роналдо ќе му биде исполнување на сонот.

„Ова е важен ден за мене. Благодарен сум на семејството, менаџерите, Партичи и на сите кои ми посакаа добредојде. Имам привлегија да играм со големи играчи и за мене е исполнувањето на сонот што ќе играм со Роналдо. Јувентус лесно ме убеди да дојдам, среќен сум што сум тука“, порача Артур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…