Дома Трансфер зона Артур го одби Јувентус: Сакам да останам во Барселона

Артур го одби Јувентус: Сакам да останам во Барселона

Бразилскиот плејмејкер Артур одбива да преговара со Јувентус и јавно призна дека сака да остане на „Камп Ноу“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона е силно заинтересирана за Пјаниќ и договори трампа со Јувентус според која Артур требаше да се пресели во Торино.

Меѓутоа, Бразилецот одбива да започне преговори со италијанскиот шампион бидејќи не сака да го напушти „Камп Ноу“.

„Единствено ме интересира да останам во Барселона долги години. Се чувствувам добро тука и благодарен сум на клубот и тренерскиот тим за довербата. Интересот на други клубови е знак дека добро си ја вршам работата“, изјави Артур.

Ова значи дека трампата е пред пропаѓање бидејќи Јувентус не прифаќа друг фудбалер да биде дел од трампата и смета дека Артур ќе биде идеална замена за Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…