Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше горд на својот тим откако го совлада Лидс со 1-0 во десеттото коло од Премиер лигата.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во вториот дел Лидс напаѓаше, дури и промаши пенал, но „Топџиите“ ја задржаа предноста.




„Беше лудо! Секогаш е интензивно овде. Бевме исклучителни во првото полувреме, требаше да водиме со 2:0 или 3:0. Направивме многу грешки, не можевме да најдеме ритам, но ја сакам безусловната страст со која игравме. Најдовме начин да победиме. Среќен сум што гледам желба во очите на моите играчи за победа“, изјави Артета.




Следниот премиерлигашки меч Арсенал го игра на 23 октомври со Саутемптон на гости, додека Лидс веќе во четврток ќе гостува кај Лестер.