Дома Фудбал Англија Артета позитивен на Ковид, го пропушта дербито со Сити

Артета позитивен на Ковид, го пропушта дербито со Сити

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета дал позитивен тест на коронавирус, потврдија од клубот.

Артета веднаш е ставен во изолација и ќе сигурно ќе го пропушти првиот меч во Премиер лигата во 2022 година. Арсенал на 1 јануари игра големо дерби со Манчестер Сити.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанецот втор пат е позитивен на Ковид, откако во март 2020 година беше заразен и имаше симптоми.

Артета ќе биде во карантин најмалку една недела, односно додека не даде негативен тест.

Во моментов на Островот ситуацијата со коронавирусот е многу лоша и Артета не е единствен менаџер од Премиер лигата кој е позитивен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Земјотрес“ во Манчестер: Гвардиола следната недела го напушта Сити!?

По поразот во градското дерби од Манчестер Јунајтед, спортскиот коментатор Ричард Киз пред…